Џет-Сет
11. December 2017 - 10:31

Спејко се појави на свадба кај бившата со Љупка Митрова

Барбара Шегетин ѝ ја организирала свадбата на сестра си во Никшиќ. Гостите ги забавувал бенд кој изведува ромска музика. Освен Дарко, кој дошол на свадбата со актуелната девојка Љупка Митрова, бил и Ервин Мујаковиќ, кој во реалното шоу беше несреќно вљубен во Тина.

Новата девојка на Спејко им фати око на регионалните медиуми, па наместо за несвестата, пишуваат за Љупка Митрова.

Победникот на последното регионално шоу „Големиот брат“ ги спои старата и новата љубов, пишува 24сата.хр.

– Тина и Дарко сега се супер пријатели. Сите си се дружиме, супер друштво сме. Убаво е повторно да се собереме и да се присетиме на старите спомени, вели Барбара (38), која ѝ е старосватица на Тина (26) и организатор на моминската вечер и на свадбата.

Тина се мажи за Раца Јовановиќ (29), со кого живее во Никшиќ. По свадбата планираат да се преселат во Виена. Се запознале во Подгорица.