Македонија
17. April 2024 - 12:32

Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот

Револтирани од одлуката на Владата, статусот на приватните специјализанти да биде решаван по изборите со законски измени, приватните специјализанти трет ден се во генерален штрајк. Велат дека не се откажуваат, но жалат што не добиваат поддршка од колегите специјалисти со кои работат во амбулантите и операционите сали. Денеска со нив застана само професорка од Ревматологија.