Македонија
19. January 2024 - 16:33

Специфична традиција во Прилеп

Први во Македонија уште во 5.30 часот утринава со влегувањето во осветените води на ладното Плетварско езеро група на ентузијасти и верници од Прилеп годинава по 4 пат на ваков некарактеристичен и уникатен начин го дочекаа и одбележа празникот Богојавление или Водици. Откако свештеникот го изведе чинот за осветување на водата, секој од верниците еден по еден, влегуваа во водите на езерото во средината на еден дрвен крст поставен до брегот.

„Група спортисти одлучивме да го одбележиме овој празник на еден постар и потрадиционален начин. Тука нема фрлање по крстот туку сите верници кои присуствуваат тука влегуваат еден по еден во осветените води“, истакна Дарко Неданоски, организатор на настанот.

„Чувството е феноменално, водата не е толку ладна колку што сите замислуваат, се чувствуваш исполнет и полн со верба во Бога“,  додаде Антонио Гически – Гинда дел од организацијата на настанот.

Секој што влегува во езерото добива и маичка со лого Плетварско езеро и мал дрвен крст од страна на организаторите. Годинава кумови на настанот се Игор Димоски-Папе и Оливер Димески.

„Се надеваме дека денеска ќе има многу народ, има пријавено луѓе од цела Македонија“, рече Игор Димоски-Папе, кум на настанот.

„Во чест на оваа манифестација планираме да изградиме паралис во близина на ова езеро“, истакна Оливер Димески, кум на настанот.

Дванаесет годишниот пак Димитар Мицески од Прилеп, утринава го фати Светиот крст во малиот базен во црквата Свето Благовештение. Тој истакна дека за прв пат влегува во осветените води за празникот Богојавление и дека за прв пат во фаќа крстот.

„Ова ми е прва година како што се фрлам по крстот. Сега се чувствувам возбудено и среќно“, рече дванаесет годишниот Димитар Мицески.

На Големиот Богојавленски Водосвет кој после пауза од 3 години се случи на еден од градските базенти крстот го фати 24 годишниот Влатко Орданоски кој веќе 2.5 години живее во Германија, но си доаѓал дома за сите поголеми верски празници. Вели дека можеби ова е знак да му се исполни желбата после неколку години да се врати дома.

„Нормално, планирам во следните 7-8 години да се вратам секако, можеби и побрзо здравје Господ. Сега верувам многу во Господ пред се, баш и вчера си ја купив библијата, сакам да ја прочитам и здравје Боже наскоро сакам да се вратам тука“, вели Влатко Орданоски, верникот кој го фати Светиот крст.

„На среќниот наоѓач на крстот, Влатко му посакувам среќа, здравје, бериќет во неговото семејство и во семејствата на сите наши присутни христијани“, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

За да влезат во осветените води на базенот се пријавија 124 прилепчани, од кои 14 беа девојчиња, а останатите момчиња, сите претежно млади лица.