Македонија
19. September 2017 - 8:19

Спасовски во Охрид на Конференција за справување со верскиот екстремизам

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Охрид ќе присуствува на отворањето на Втората меѓународна конференција  на тема „Справување со предизвици од растечкиот верски екстремизам: Менаџирање и преговори во кризни ситуации предизвикани од верски екстремисти“. 

Конференцијата е организирана од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и Министерството за внатрешни работи.