Спасовски во Куманово: Недела е ден за историска одлука, излезете и гласајте за европска Македонија
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Куманово, каде се сретна со стачјни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.
- Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност, а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја, порача Спасовски.
Спасовски посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните во недела на референдум, слободно, гордо и достоинствено да излезат на рефереднум, бидејќи одлучуваат само оние кои ќе гласаат/
- Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија, да донесеме нова правилна одлука. Затоа, во недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлка. Одлука со која ќе влијаете на иднината на вашиот живот и животот на идните поколенија. Во недела, на 30 септември излезете и гласајте за европска Македонија, повика Спасовски.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер