Спасовски вели дека нема мобилен на сметка на државата, а Јакимовски дека не трошел на сметка на општината
Картичката во МВР на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е нула денари, нема мобилен телефон што му го плаќа државата, но сето она што ќе биде донесено како одлука, потенцира тој, ќе го испочитува. И градоначалникот на скопската општина Карпош Стевче Јакимовски изјави дека не користи службен мобилен телефон, а за репрезентациии, како што рече, се уште нема ниту еден ручек изедено на сметка на општина Карпош, ниту пак тоа го планира.
Во однос на препораките за максимално штедење и намалување на трошоците, министерот Спасовски очекува на наредната владина седница да се донесат конкретни одлуки и план како ќе биде утврден начинот на заштеда на финансиските средства. Додаде дека тука спаѓаат и рационализација на користење на возила, патувањата во странство, репрезентации и сето она што е несуштинско во работењето.
– Важно е да ги рационализираме трошоците и повеќе пари да насочиме кон граѓаните. Јавната потрошувачка не смеее да застане во услови на криза и капиталните инвестиции. Тие се многу важни за да може економијата да опстои во овој период и да можеме брзо да ја кренеме во наредниот период, изјави министерот Спасовски по денешната посета на реконструираниот објект на Полициската станица – Карпош.
Тој истакна дека клучна работа е да се рационализираат, да се трошат наменски средства во било која криза, но не да се престане во трошењето. Капитланите инвестиции, смета, мора да бидат реализирани заради тоа што тоа ја поттикнува економијата и помага во делот на јавната потрошувачка.
За градоначалникот Јакимовски најбитно во ова време е, како што рече, да се даде пример за граѓаните дека доаѓаат тешки времиња, максимално да се мобилизираме. – Буквално ќе биде битка за секој денар, изјави Јакимовски.
Градоначалникот на скопската општина Карпош информира дека во изминатите денови донел мерки прво сите возила да се наполнат со бензин и максимално да се редуцира трошењето, а кога се излегува на терен повеќе работи да се вршат во исто време.
Ново на Сител
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна