Спасовски: Трошоците за враќањето на жртвите во земјава ќе бидат на товар на државата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција изјави дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и оти верува дека со една заедничка соработка со бугарските институции многу бргу ќе имаме одговор околу сите нејаснотии околу автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 патници, а седум се повредени и согласно тоа ќе има ефикасност во утврдувањето на одговорноста.
-Она што засега можам да го кажам и е во доменот на податоци со кои располага МВР е дека последната извршена проверка на техичката исправност на автобусот е на 5 октомври 2021 година, а истражната постапка ќе ги даде одговорите на сите отворени прашања. Нашата земја и Бугарија се заедно во тагата за жртвите во трагичнатасообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, но и во активностите за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификувањето на жртвите во несреќата, за давање помош и за лекување на настраданите за што сме благодарни, рече Спасовски.
Спасовски изразувајќи најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите, порача дека Владата останува со семејствата и дека институциите се тука да обезбедат поддршка и помош согласно потребите.
-Веќе е извесно дека организацијата и трошоците околу враќањето на жртвите во земјава ќе бидат на товар на државата, рече министерот за внатрешни работи.
Информираше уште утринава на бугарскиот колега Рашков му најавил дека тим на МВР од униформираната и сообраќајната полиција, како и од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења тргнал за Бугарија и се ставил на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Во Бугарија пристигнале и претставнции на неколку стручни служби кои ја понудиле експерстката помош, како и на обвинителство кои на колегите од бугарското обвинителство ќе им ја обезбедат и ќе им ја предадат целокупната потребна документација.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија