Спасовски: Тој што е приведен има само една мисла во главата, како да избега
Во гостувањето во „Утрински брифинг“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека обвинетиот екс директор на УБК Сашо Мијалков беше 40 часа недостапен за органите на прогонот.
- Многу саати се изгубени во подготвувањето на решенијата за притвор и клучот на проблемот е токму тука. Генерално мора да го консолидираме системот. Што значи тоа – ако видите дека во одреден сегмент тој систем не е функционален, тој мора да се подобрува. Тој што е приведен пред лицето на правдата има само една мисла во главата – како да избега и ништо друго. Ние, државата мора да биде подготвена, институциите мора да функционираат да се создаде систем кој што ќе овозможува брза, ефикасна и навремена акција. Системот функционира кога сите заедно, делуваме во одреден момент. Се изврши притисок, се разговараше за постапки наблокада на имот, приведување на лицата кои биле во неговото опкружување. Тоа е притисокот кој што го прави системот во одреден момент. Кога зборувам за неговата нефункционалност и консолидација, треба да видиме кои се сегашните законските норми. Тие го предвидуваат патот по кој што одиме сега, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
-
МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени
-
Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“
-
Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа
-
Денеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден)
-
Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца
-
Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград
-
Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда