Спасовски со честитка за 11 Октомври: Аментот на предците за мене е завет – за градење на современа, демократска и европска држава
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатува честитка по повод 11 Октомври Денот на македонското востание.
Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!
Како еден од најзначајните датуми во македонската историја, 11 Октомври е паметник за вистинската одлука на македонскиот народ – да пристапи кон антифашистичката коалиција, да застане на страната на цивилизираното и прогресивно човештво, да крене востание како почеток на народното ослободително движење.
11 Октомври е симболот на македонскиот непокор, на херојството и на слободарскиот дух на нашите предци од кумановските партизански одреди, односно Козјачкиот и Карадачкиот, како и од Прилепскиот партизански одред.
Во чекор со глобалното антифашистичко движење, со идеалите за слобода, рамноправност и сувереност, таа борба за самобитност и самостојност како Македонци нѐ доведе до сопственото ослободување.
И токму таа борба и денес го поттикнува нашето обединување, без разлика на партиската, верската или етничката припадност. Бидејќи и овој пат сме на вистинската страна.
Денеска, како чин на највисок патриотизам, ја градиме татковината врз демократските вредности, почитувајќи ги вредностите на сите заедници во земјата, на народите во регионот и во Европа, како најголема цивилизациска придобивка. Денеска Република Северна Македонија е бедем на безбедноста во регионот, затоа што успеавме да го одржиме аманетот на предците и останавме на прогресивниот пат.
Во свое и во име на МВР, оддавам длабока почит кон борците за слобода, кон оние кои дадоа сѐ во народноослободителната војна, во борбата за самобитност и самостојност, за да можеме како Македонци да го дочекаме нашето ослободување. Нивниот аманет за мене е завет – за градење на современа, демократска и европска држава. Како Македонци станавме дел од НАТО, како Македонци ќе се приклучиме и кон европското семејство како наша одредница.
Нека биде ова цел за обединување, за сплотување - за нас, во чест на претходните, а како оставина за сите идни генерации.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!
Да живее Република Северна Македонија!
Ново на Сител
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница