Спасовски: Прво Совет за безбедност, па зависно од состојбата и средба на партиските лидери за изборите
Секако дека лидерите на политичките партии ќе се соберат за да можат заедно да ја донесат одлуката за одложување на изборите, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, но не прецизира дали тоа ќе се случи денеска или утре.
-Сигурно ќе се случи навмре за да се донесе таа одлука. Денеска прво ќе завршиме со Советот за безбедност. И на лидерската средба минатиот пат се договоривме дека се што ќе произлезе од развојот на ситуацијата, ќе носиме повторно одлуки, истакна Спасовски во изјава за Телевизија 24.
Во врска со актуелната состојба со коронавирусот, премиерот повторно апелира граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките за заштита и да останат дома.
-Апелирам да се почитуваат препораките на Владата, да не се патува, секој да придоенсе за подобрување на состојбата. Да не се групираме, младите да не бараат алтернативни места за собирање, сите да помогнеме, прво на себе, а потоа и на семејствата и на државата, потенцира Спасовски.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра