Спасовски: Приоритет на МВР е подобрување на условите за работа во полициските станици
Приоритет на Министерството за внатрешни работи е подобрувањето на условите за работа во полициските станици, на што веќе една година се работи, но и набавка на потребната опрема за полициските службеници, порача денеска министрот Оливер Спасовски при посетата Полициското одделение во Арачиново и локалната самоуправа, каде оствари средба со градоначалничката на Арачиново Миликије Халими.
Како што соопштија од МВР, раководството на полициското одделение информирало дека безбедносната состојба е стабилна, а на средбата се разговарало и за мерките со кои ќе се подобрат условите за работа во ова полициско одделение.
Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалничката Халими, на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа