Спасовски: Пет милиони евра поддршка за земјоделството
Премиерот Оливер Спасовски претпладнево на својот фејсбук профил посебно ја акцентира планираната поддршка за земјоделството која е дел од третиот владин пакет економски мерки за помош на стопанството.
Мерките, меѓу другото, предвидуваат поддршка на аграрниот сектор од пет милиони евра преку Развојната банка, платежна картичка за субвенционирање 50 отсто од зелената нафта и стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти.
– Овозможуваме и јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, воведуваме долгорочен закуп на пасишта, ќе понудиме окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство, воведуваме Програма за финансирање на микро земјоделски компании, како и мерки за модернизација на земјоделството, пишува Спасовски на својот фејсбук профил.
Премиерот вчера на прес-конференција во Владата го соопшти третиот пакет економски мерки за помош на стопанството.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“