Македонија
25. November 2023 - 8:39

Спасовски, Николовски и Костадиновска-Стојчевска во посета на Битола

Министрите за внатрешни работи, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за култура Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе бидат во посета на Општина Битола.

Тие, како што е најавено, ќе имаат средба со корисници на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот „Цртај на македонски“ во галеријата „Магаза“. 

По ова, владината делегација ќе се упати кон Секторот за внатрешни работи (СВР) – Битола каде ќе се обрати министерот за внатрешни работи, а работната посета ќе заврши во селото Кажани каде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе оствари средба со корисник на ИПАРД Програмата, Флора Фреш.