Спасовски: Неопходни се брзи избори за обезбедување стабилни институции
Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу создадени услови, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.
Тој истакна дека на македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на функционирање на државата, а на македонските граѓани им треба функционално Собрание.
Една од одговорностите на Владата, потенцираше, е да направи се колку што е можно побргу да им ја обезбеди новата нормалност на сите граѓани
-Сите што се спротивставуваат на новата нормалност придонесуваат земјата да ни остане во здравствено економската криза, а тоа не е одговорно однесување, посочи Спасовски, на прес-конференцијата на која беше објавено олабавување на рестриктивните мерки за вирусот КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш