Спасовски на министерска конференција во Будимпешта
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се обрати на конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута.
Како што соопшти МВР, Спасовски треба да оствари и неколку билатерални средби.
Министерот Спасовски вчера на маргините на конференцијата, се сретнал со Андреј Шпенга, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, со кого разговарале за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и ризиците од евентуални нови бранови мигранти.
Двајцата разговарале и за реформата на безбедносните служби и полицијата во Република Македонија, која, се наведува, ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР.
Шпенга потенцирал дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово -10 степени, во Скопје -5 степени
-
Пронајдена голема количина дрога на „Богородица“ во камион со отпадна хартија | ФОТО
-
Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април
-
Измените на Кривичниот законик од 2023 година на седница на Уставен суд
-
Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени
-
Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев
-
Студентите во блокади во Србија одат во нова акција
-
Поништени спортските признанија на трансродовите спортисти на колеџите во САД