Спасовски: Македонската полиција е еклатантен пример како постапува полиција од европски ранг
Со исклучително добро реализираниот оперативен план за одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, македонската полиција се докажа како еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг, објави министерот за надворешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.
- Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, наведе Спасовски.
Тој потенцира дека како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, „македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен - еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг“.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ! Ви благодарам! МВР за ГРАЃАНИТЕ!, додава Спасовски во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола