Спасовски: Граѓаните ќе ги добиваат пасошите на врата
Министерството за внатрешни работи прави анализи на целокупниот процес за вадење лични документи, на телефонското закажување на терминот што сега се спроведува преку приватна фирма, на можноста целата оваа активност да ја преземат службите на МВР, со цел процесот да се забрза, поедностави, но и да биде финансиски поисплатлив, а се работи и на тоа патните исправи граѓаните да ги добиваат на домашна адреса.
Ова го посочи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова. Таа побара од министерот да каже како ќе се поедностави процесот на вадење лични документи во помалите градови.
- Закажувањето за вадење лични документи е сериозен проблем, имајќи предвид дека е направен договор со фирма, која го има кол центарот за вадење лични документи. Ова е затекната состојба. Тоа е добра идеја, која функционира во поголемите градови, рече Спасовски и додаде дека група во МВР работи на анализи во насока Министерството да ја преземе оваа активност.
Нагласи дека премногу пари и финансиски средства се одлеваат во приватна фирма, и додаде дека врз основа на анализите ќе биде дефиниран соодветниот начин и метод како целата оваа активност да биде преземена од МВР.
- Се согласувам и во право сте дека во тој дел има несоодветност. Има градови во кои нема луѓе и можат веднаш да извадат исправа, но мораат да имаат термин, додаде Спасовски.
Во летниот период дневно се издаваат 1.200 до 1.500 пасоши, а потребите се околу 2.500. Спасовски рече дека целта на анализите е да се направи конзистентен, ефикасен и брз систем што ќе им овозможи на граѓаните брзо да бидат услужени.
Министерот за внатрешни работи додаде дека се работи на можноста патните исправи да бидат доставувани лично на домашна адреса, со цел да не мораат граѓаните да одат директно до Одделот за управни работи. Преку консултатни, дополни, се прават обиди за олеснување на потстапката за вадење пасоши во ДКП.
- Република Македонија е една од државите која најлошо го има решено тој проблем, бидејќи мора вработени од МВР оттука со мобилни станици да поминат цел месец низ европските држави, да ги сликаат луѓето, да се вратат назад, да се изработуваат пасошите, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Отворен дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар
-
Во Хрватска минатата година за 100 отсто е зголемен бројот на доброволци за служење воен рок
-
Казнети 809 возачи, 264 за погрешно паркирање, 232 за брзо возење, 56 возеле без возачка
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари