Македонија
7. May 2022 - 20:06

Спасовски: ЕУ ќе допринесе секој граѓанин да се чувствува свој на своето во нашата Северна Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во Дневникот на Сител ТВ кажа дека пред се граѓаните ќе бидат во придобивка од членството во Европската унија, а потоа и Министерството за внатрешни работи.

- Придобивката пред се ќе биде за граѓаните и тоа е стратешка цел. Тоа е нашата референтна точка од којашто нема враќање назад и нема компромис во однос на тоа. И ние треба да направиме се за да влеземе во преговори со ЕУ. Зошто е важно, бидејќи низ тој процес на преговори со ЕУ европските вредности ќе бидат дел од работењето на институциите, секако тоа ќе биде и дел на работењето и на МВР, кажа Спасовски.

Тој додава дека влезот на нашата земја во ЕУ ќе допринесе секој граѓанин на нашата земја да се чувствува свој на своето.

- Важно е низ процесот на преговарање, низ воведувањето на таквите вредности коишто се европски кои сите ние ги посакуваме да дојде до промена или јакнење на јавната свест и нашето размислување да биде токму во тој правец на европски вредности, европски идеали кои се базираат на демократски општества, кои се базираат на една солидарност, на слобода итн. тоа е нешто што е потребно за секој еден граѓанин да се чувствува свој на своето овде во нашата Северна Македонија, додава Спасовски.