Спасил давеник па потоа починал од инфаркт
Словенецот Давид Копчиќ починал во четвртокот од срцев удар откако во Црвена лука, во близина на Биоград, на море спасил живот на турист кој добил грч додека пливал во водата.
– Брат ми и неговото семејството тукушто се закотвувале со чамецот кога слушнале повици за помош во морето. Маж на возраст од околу 50 години се давел. Давид веднаш скокнал во вода и отпливал до човекот. Луѓето од чамецот во близина му дофрлиле појас за спасување, а брат ми му помогнал да го облече појасот – раскажува Денис Копчиќ за „Јутарњи весник“.
По спасувањето, Давид се вратил со пливање во чамецот и тргнал кон Пакоштани. Во текот на 20-минутната пловидба почувствувал голема слабост и чукање на срцето. Имал само толку сила да ги доведе споругата и ќерките на сигурно до пристаништето, по што го врзал чамецот и се онесвестил.
Итната помош стигнала за пет минути, но по два часа Давид починал од инфаркт.
- Неговиот животен сон беа чамците. Пред еден месец положи за возење по море и едвај чекаше да дојде во Биоград на море, да изнајми чамец и да исплови со своето семејство. Ден пред тој кобен ден зборуваше дека е среќен. Дури и на шега рече дека ако еднаш треба да се умре, нека биде во чамец. Тоа и се случи за жал – раскажува неговиот брат.
Иронично е тоа што, човекот кој го спаси ни денес не знае дека Давид починал после тоа. Фотографијата ја снимил околу 14 часот, а околу 15 часот се борел за живот. Неговата смрт е прогласена во болницата во Биоград, во 17.20 часот.
Ново на Сител
-
Најмногу склучени бракови во Чаир и Липково во првиот квартал
-
Негативен природен прираст во првиот квартал
-
Македонски шверцери фатени со скапи часовници на Прешево-Табановце
-
За 12 проценти зголемени трошоците за вработените во градежништвото во првиот квартал
-
Буши ја презема функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова влада
-
Продолжи седницата за избор на претседател на Уставниот суд
-
Поддржувачите на Трамп повикуваат на немири и насилна одмазда по пресудата
-
Македонската кик бокс маи таи репрезентација отпатува на Балканското првенство во Црна Гора