СП2022: Франција и Аргентина за третата светска титула, Меси за вечност, Мбапе за историја
Прекрасниот стадион „Лусаил“ оддалечен 35 километри од катарската престолнина Доха попладнево од 16 часот ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот 2022 во кое аргентинскиот капитен Лионел Меси има последна можност да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во богатата кариера, додека Франција, од друга страна, ќе се обиде да стане само третата репрезентација на која ѝ успеало да ја одбрани светската титула, по Италија и Бразил.
Едно е сигурно – Франција или Аргентина по трет пат ќе стане светски првак Аргентина го игра шестото мундијалско финале, а на трофејот чека од 1986 година, кога Гаучосите предводени од Диего Марадона триумфираа на завршниот турнир во Мексико. Меси, покрај шансата да ја освои светската титула, ќе стане фудбалер со најмногу настапи на светските првенства во историјата (26).
Од друга страна, Франција, предводена од Килијан Мбапе, го игра своето четврто финале на светските првенства, а трето во 21 век.
Со триумф на Франција, 23-годишниот Мбапе може да стане само вториот играч во историјата кој освоил двете светски титули пред да наполни 24 години, по легендарниот Бразилец Пеле. Финалето е со почеток во 16 часот, а главен судија ќе биде Симон Марчинјак од Полска. Во малото финале вчера Хрватска го совлада Мароко со 2-1.
Ново на Сител
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска