-->
-->
СП во Русија, следен предизвик за македонскиот фудбал
-->
Македонската фудбалска репрезентација ги заврши квалификациите за ЕП во Франција на последното место во групата и покрај освоениот бод во Белорусија. И натаму селекторот Друловиќ е оптимист дека има потенцијал да се создаде конкурентен тим за наредните квалификациски циклуси.
Македонија ја прекина серијата на порази но повторно не успеа да запише погодок (0-0) , уште од гостувањето во Словачка иако беа креирани неколку прилики а погодивме и дирек. Селекторот Друловиќ изрази задоволство од играта во вториот дел .
Македонија за жал заокружи уште едни слаби квалификации иако за првпат и третото место обезбедуваше пласман во баражот за ЕП. На потег е ФФМ која во наредните денови сигурно ќе направи и анализа на сработеното. На прес конференцијата во Борисов, српскиот стратег најави дека ќе ја продолжи својата мисија и дека може да подготви конкурентен тим за наредните две до три години.
Следниот квалификациски циклус е за Светското фудбалско првенство во Русија каде тешко ќе се обезбеди пласман бидејќи патуваат само првите селекции од групата а најдобрите второпласирани ќе играат бараж. Главната цел на нашата фудбалска репрезентација во наредниот период би требало да биде подобрување на рејтингот во ФИФА каде во моментот сме дури 132-ри.
Во меѓувреме најавени се неколку контролни средби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон