СП Русија: Англија последен четвртфиналист
Првпат во историјата на едно Светско првенство, Англија доби нокаут натпревар на пенали, откако во драматична завршница загуби водство од 1:0 во регуларниот дел, за Ерик Даер да го постигне победничкиот гол во пенал серијата.
Англичаните сега ќе сонуваат за финале и титула, бидејќи во четврт-финалето ги чека Шведска, додека во полуфиналето би играле против подобриот од дуелот Хрватска-Русија, избегнувајќи ги опасните Франција, Бразил и Белгија.
Колумбијците немаа среќа откако се вратија со гол во 93. минута од мечот, и имаа подобри први 15 минути од продолжението, но денеска беше денот во кој Англија ја скрши „клетвата“ на пеналите.
Англија пред овој натпревар во ниту еден од претходните три ситуации во кои пеналите решаваа кој ќе оди понатаму, немаа победено. Англичаните загубија на пенали во 1990, 1998 и 2006 година, скор каков што нема ниту една репрезентација што барем трипати играла нокаут мечеви на Мундијалот.
Во 1990 година во полуфиналето против Германија утнаа Стјуарт Пирс и Крис Водл, во 1998 година во четврт-финалето против Аргентина утнаа Пол Инс и Дејвид Бати, и во четврт-финалето во 2006 против Португалија, утнаа Френк Лампард, Стивен Џерард и Џејми Карагер.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“