-->
-->
СП Ракомет: Немоќни против Словенија
-->
Нашата ракометна репрезентација во 3. коло на СП во Франција е поразена од Словенија со 29-22.
Избраниците на Лино Червар лошо стартуваа во овој долгоочекуван меч и со неколку промашени зицери и пенал му дозволија на противникот да се одлепи на 3 гола разлика.
Обидот да се фати приклучок со игра без голман само му овозможи на словенечкиот тим лесни голови па на крајот од првиот дел противникот замина со предност од 16-10.
Во вториот дел Словенците го контролираа резултатот и често имаа водство од +9 гола.
На крајот сепак пораз од 22-29 што не остава во игра за пласман во следната рунда доколку освоиме бод во дуелите со Исланд и Шпанија или пак Словенија го совлада Тунис.
Македонија утре е слободна а задутре игра против Шпанија. Последниот меч е во четврток против Исланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ