СП: Континуираните антимакедонски активности на бугарските официјални лица се на штета на добрососедските односи
Социјалистичката партија на Македонија укажува на продолжувањето на антимакедонската активност на нугарскиот претседател. Тој во континуитет тој ги оспорува македонскиот народ, македонскиот јазик и историја и со тоа им штети на добрососедските односи на двете држави.
СПМ бара од премиерот и од министерот за надворешни работи да реагираат и официјално да ги осудат тенденциозните напади врз македонскиот идентитет и нација.
Барањето на бугарските власти во сите држави од окружувањето да се најдат Бугари се територијални претензии и империјални барања со цел да се наметне влијание, а преку тоа политичка и територијална асимилација што се гледа на дело.
СПМ е изненадена и од молчењето на официјалните власти во Македонија. Особено од албанските политички партии во Македонија кои не ги осудуваат овие настани, а ја имаат историската можност барем еднаш да се солидализираат со македонскиот народ, но и пошироко.
Воедно, нереагирањето на институциите на Косово на ваквото однесувањето, проследено со политичко националистичкиот циркуз, е целосно неприфатливо.
СПМ укажува дека ваквите настани само ги подгреваат националистичките однесувања кои водат кон нестабилност на регионот во целина што на долг рок ги оневозможува развојните тенденции.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси