СП 2019: Хрватска ја имаме победено и кога беше олимписки шампион
Македонската ракометна репрезентација попладнево од 18 часот го игра третиот натпревар од групата Б на СП во Германија и Данска. Во Олимпијахале во Минхен, нашите ракометари ќе играат против селекцијата на Хрватска против која имаме една победа на досегашните пет натпревари.
Единствениот триумф го постигна репрезентацијата предводена од Пепи Манасков, која во Скопје во СРЦ Кале постигна победа над тогашниот олимписки шампион Хрватска со 31:29. Неколку дена подоцна во дуелот во Карловац во групата за квалификациите за ЕП 1998 Хрватска победи со 37:27. Со истата селекција бевме и во групата на шампионатот во Мерано загубивме со 28:21.
Следниот натпревар го игравме на СП 2015 година во Катар кога можеби и бевме најблиску да останеме непоразени и загубивме со 26:29. Имавме водство до средината на првиот дел, но потоа Хрватите направија пресврт и стигнаа до победата. Последниот дуел беше на ЕП во Полска 2016 година во Краков, кога загубивме убедливо со 34:24.
Денешниот дуел во Минхен ќе биде шести меѓусебен натпревар на овие две репрезентации.
Ново на Сител
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот