Современа куќа во духот на старите времиња
Во подножјето на планината Шлерн во северна Италија, изградена е планинска куќа наречена Меснер, која е совршен спој на традиционална и современа архитектура. Куќата е опкружена од природата и е инспирирана од детските сеќавања на главниот архитект Стефан Риер.
Изградбата на оваа куќичка почнала врз една напуштена стара куќа, па архитектите направиле модерна куќа во духот на старите времиња. Дрвната надворешна конструкција и 12-метарските столбови прават куќата да изгледа како стар амбар. Нивната практична примена лете, меѓу другото, е заштита од топлотните бранови.
Во однос на внатрешноста, на приземје има кујна, трпезарија и дневни простории за одмор и дружење.
Наместо класичната поделба со преградни ѕидови, куќата е поделена со така наречени висечки коцки, поставени на различни висини и поврзани со скали и ходници. Во нив се сместени спалните соби, а во една има и сауна.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци