Советот на ЕУ даде зелено светло за исплата на 4,2 милијарди евра за Украина
Советот на ЕУ денеска ја одобри првата редовна исплата на грантови и заеми во рамките на Украинскиот механизам, во износ од речиси 4,2 милијарди евра, наменети за поддршка на макрофинансиската стабилност на Украина и за функционирањето на нејзината јавна администрација.
Советот оцени дека Украина ги исполнила условите и ги спровела реформите предвидени во Планот за Украина како неопходен услов за добивање на средства од Украинскиот механизам.
– Овие реформи ги опфаќаат управувањето со јавните финансии и со државните претпријатија, деловното опкружување, енергијата и деминирањето.
Исто така, беше истакната важноста за распределба на парите што е можно поскоро, со оглед на тешката фискална ситуација во Украина, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Со Планот за Украина се утврдени целите на Киев за закрепнувањето, реконструкцијата и модернизацијата на земјата и реформите што земјата планира да ги преземе како дел од процесот на пристапување во ЕУ во следните четири години.
Во мај 2024 година, Советот на ЕУ заклучи дека Планот за Украина ги исполнува предусловите Украина да добие поддршка до 50 милијарди евра во рамките на Украинскиот механизам.
Овој механизам, кој стапи во сила на 1 март 2024 година, предвидува средства за стабилно финансирање, во форма на грантови и кредити, за поддршка на закрепнувањето, реконструкцијата и модернизацијата на Украина за периодот од 2024 до 2027 година.
Од вкупната сума од 50 милијарди евра, 32 милијарди се наменети за поддршка на реформите и инвестициите, чија исплатите ќе зависи од тоа дали Киев ќе ги исполнува утврдените услови со Планот.
Од стапување во сила на Украинскиот механизам, на Украина веќе и се исплатени шест милијарди евра во форма на финансирање и 1,89 милијарди евра како предфинансирање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец