Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.862.584 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 114.982, а оздравеле 431.734.
– Шпанија регистрира рекордно мал број на починати од Ковид-19 за едно деноноќие, односно во последните 24 часа починале 517,наспротив 619 вчера, соопшти денеска Министерството за здравство. Вкупниот број на починати во земјата достигна 17.489, а заразени се 169.496 луѓе.
– Конгресот на Салвадор го продолжи националниот закон за вонредни состојби кој и овозможува на Владата да продолжи одредени здравствени мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
– Јужна Кореја утре ќе испрати 600.000 комплети тестови во САД. Ова е првпат Јужна Кореја да испраќа тестови во земјата на барање на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Во Австрија благо расте бројот на новозаразени, расте и бројот на починати, но и на излекувани.
Досега со коронавирусот се заразиле 14.080 лица, од кои 368 починале. Според австриското МВР, 7.343 инфицирани се излекувале.
– Во Русија денеска се потврдени 2.558 нови случаи на коронавирусот, најмногу за еден ден, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 18.328. За 24 часа починале уште 18 лица, а вкупниот број на жртви изнесува 148 луѓе. Закрепнале 1.470 пациенти.
– Црна Гора втората половина на мај би можела да ја дочека со постепено укинување на некои мерки, изјави министерот за здравство Кенан Храповиќ, но истакна дека тоа зависи од однесувањето на граѓаните.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, под контрола четири, изгаснати 31
-
Украина и Русија меѓусебно се обвинија за воздушни напади во текот на ноќта на граничните области
-
Петмина затвореници побегнаа од строго чуван затвор во Португалија
-
Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија денеска ќе биде отворен до 22 часот
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски по повод 8 Септември
-
Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на независноста
-
Честитка од Сиљановска Давкова по повод 8 Септември
-
На ГП од македонска страна нема подолги задржувања з влез и излез од државава