Состојба со коронавирусот до 10 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 277.130 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.424, а оздравеле 91.986 лица.
Според последните податоци на германското Министерство за здравство во земјата во моментов има 19.848 лица позитивни на тестот за коронавирусот. Покраината Северна Рајна Вестфалија и натаму е главното жариште во земјата. Досега во Германија умреа 57 лица кои биле инфицирани од коронавирусот ,а 113 се излекувани од болеста.
-Вкупно 850 милиони ученици и студенти низ светот, или половината од оваа популација, во моментов не посетува настава, проценува УНЕСКО.
-Во Албанија се пријавени првите два излекувани случаи од коорнавирусот. Во земјата досега се инфектирани вкупно 70 лица, а две умреа.
– Во Тајланд денеска се потврдени 89 нови случаи на коронавирусот, трет рекорден дневен скок неделава. Вкупниот број заразени во земјата сега изнесува 411, а досега едно лице умре..
-На Мадагаскар е регистриран првиот случај на коронавирус.
-Сингапур ги регистрира првите два смртни случаи од зараза со Ковид-19. Станува збор за 75-годишна жена од Сингапур и 64-годишен маж од Индонезија, кои биле во болница, соопшто Министерството за здравство. Во земјата досега се регистрирани 385 заразени, што ја прави втора по бројност на заразени во југоисточна Азија, по Малезија каде има 1.035 регистрирани позитивни на коорнавирусот.
-Кина повторно пријави дека нема ниту еден нов случај на зарзен во земјата со трансмисија од некој друг зараен, како и 41 случај на позитивни на коронавирусот кои допатувале од странство. Кина досега има „увезено“ 269 случаи на заразени со вирусот.
-Куба ги затвора границите и го забранува влезот за странци.
-Во Србија од ноќеска се регистрирани нови 14 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 149 лица.
Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 30 случаи на заразени, со што вкупниот број сега изнесува 142, истакна шефот на Оперњтивниот штаб генералот Мутафчиски .
Ново на Сител
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје