Македонија
30. December 2022 - 8:41

Состојба на патиштатa

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 100метри поради магла има на планискиот премин Ѓавато.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

РАБОТИ НА ПАТ:

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес - Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4, делница Блаце - Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид од 13.10.2022, се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.