Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Како што информира АМСМ, согласно одобрението за време на измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт ќе се изведува реконструкција на десната тунеласка цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смовица.
На 1 октомври 2024 година од 10:30 часот на Р-1102 од клучка кај село Тремник до клучка Демир Капија, поради изведување градежни работи сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува преку автопатот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат