Македонија
10. March 2024 - 8:42

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози. 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

РАБОТИ НА ПАТ:

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце“ поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.