Македонија
27. May 2024 - 14:32

Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор

Составот на новата влада е пред финален договор. Она што може да се дознае е дека во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија остануваат МВР, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделие, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади исто припаѓа на Вреди.
 
Министерството за економија и труд, оди во рацете на Вреди, заедно со Секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на Вреди.

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација. Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.