Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
“Преку споделување на највисоките европски и светски стандарди во справувањето со болеста африканска чума кај свињите, сите вклучени во системот за борба против оваа болест, ќе размениме искуства и стекнеме нови знаења и практики за справување со неа. Упатувам апел до сите нас, да продолжиме заедно да се бориме, да вложиме максимални напори да ја ставиме болеста под контрола и да ја искорениме, во интерес на бизнисот, економијата на државите и граѓаните како потрошувачи”. Ова пораката која директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, ќе ја упати утре од 23 состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, која на 18 и 19 септември, се одржува во Охрид.
На состанокот ќе учествуваат високи претставници на Европската Комисија (ЕК), Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), реномирани експерти за болеста африканска чума кај свињите и претставници од ветеринарните служби од Русија, Украина, Молдавија, Естонија, Полска, Латвија Литванија, Германија, Шведска, Чешка, Словачка, Унгарија,Романија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Италија.
Во рамки на дводневниот состанок, презентирана ќе биде актуелната состојба со болеста во Европа и регионот, мерките кои се преземаат за нејзино ставање под контрола и искоренување, меѓудржавната соработка на надлежните ветеринарни служби, лабораториите, и експертите како и активностите кои се реализираат во рамки на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан - 2“, кој е финансиран од Европската унија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот