Состанок на Мешовитиот управувачки комитет меѓу владите на Македонија и Германија
Иницијалниот состанок на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, формиран за продлабочување на економските односи помеѓу двете земји ќе се одржи денеска во Билатералната сала на Владата.
Како што информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, по завршување на состанокот, напладне ќе се одржи прес – конференција на која ќе се обратат вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на одделот за ЕУ проширување, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерството за економија и енергетика на СР Германија, Хелге Толксдорф.
Се очекува Комитетот да оствари големи резултати во насока на имплементација на стратегија за дуално образование која ќе даде позитивни ефекти за преквалификација на работоспособното население и негово апсорбирање на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза