Состанок на Иванов со Управувачкиот комитет и припадници нa ГШ за мигрантската криза
Претседателот Ѓорге Иванов денеска одржа состанок во врска со справувањето со бегалската и мигрантската криза, со членовите на Управувачкиот комитет - тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи, и со припадници на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Како што соопшти Кабинерот на Претседателот на Република Македонија, целта на состанокот била Иванов да ги запознае членовите на Комитетот за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, комесарот за проширување Јоханес Хан, извршниот директор на Фронтекс Фабрис Легери и со претседателот на Србија Томислав Николиќ, на која беа разменети информации за моменталните состојби и за мерките и активностите на ЕУ за менаџирање на мигрантската и бегалската криза.
- Претседателот Иванов искажа задоволство од одговорниот пристап кон кризата од страна на претседателот Туск, како и задоволство што предлозите, кои се однесуваат на намалување на безбедносните ризици кои македонскиот претседател ги изнесе на состанокот, беа прифатени и влегоа во заклучоците на Европскиот совет, со акцент на помош од ЕУ за Република Македонија во вршење на регистрација на мигрантите и бегалците, во согласност со стандардите на Европската унија, соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ.
Иванов побарал од Управувачкиот комитет и од сите вклучени институции во справувањето со мигрантската и бегалската криза, и понатаму со максимална посветеност да продолжат со своите мерки и активности, со цел заштита на државната граница, контрола врз мигрантите и намалување на безбедносните ризици за обезбедување и остварување на сигурноста на граѓаните на Република Македонија и нивниот имот.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“
-
На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
-
Без струја делови од Аеродром, Сарај и Чаир
-
Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем
-
Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската
-
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање