Состанок на Ердоган со Путин, Макрон и Меркел за Сирија на 5 март
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган најави дека на 5 март ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Франција Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Тема на состанокот ќе биде состојбата во Сирија, јави Анадолија.
Ердоган го посети местото Бергама, во близина на Идлиб, каде се обрати пред собраните граѓани. Потсети дека во текот на последните телефонски разговори со лидерите на Русија, Франција и Германија ја пренел решителноста на Турција за решавање на прашањето за Идлиб.
– Повторно ќе се состанеме на 5 март и ќе разговараме за тие теми, рече Ердоган.
Ердоган изјави дека за ситуацијата во Идлиб разговарал со Путин, Макрон и Меркел и дека по неопходните проценки за ситуацијата во Сирија е дефинирана мапата на патот.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ