Сораја заврши на Ургентен - познат фудбалер ја исекол по вратот и стомакот
Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда Стефан Михајловиќ ја исекол по вратот и стомакот старлетата Сораја Вуќелиќ, својата поранешна девојка, поради што таа завршила на Ургентен, дознава српски Курир.
Сораја, која за среќа е полесно повредена, за српски Курир го потврди инцидентот кој се случил по проводот во една дискотека.
- Бев излезена со друштво, беше најнормална вечер, како и секогаш. Се напивме малку, а подоцна останавме со друштвото, се шегувавме, седевме, зборувавме... Тогаш се случи инцидентот со Стефан. Не се сеќавам како дојде до тоа, не беше ништо намерно, само во еден момент почувствував болка на вратот, а потоа и на стомакот, изјави Сораја.
Таа наведе дека се се случило многу брзо и дека не знае ни со каков предмет е исечена на вратот и стомакот.
- Дури кога ја видов крвта, сфатив што ми направи. Тврдам дека Стефан не го направи тоа намерно бидејќи не е насилник, нити имал намера така да се постави кон мене. Пријателите веднаш ме однесоа на Ургентен, каде лекарите ми ја пружија потребната помош. Се чувствувам добро, што е најважно. Раните ми се преврзани и не се сериозни, рече старлетата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен