Македонија
10. July 2015 - 14:27

Сопругот на загинатата новинарка кај Зебра бара помош

Сопругот на трагично загинатата новинарка Сузана Тодоровска Павлоска, на својот Фејсбук профил бара најискрена помош за правдата да излезе на виделина.
Несреќата се случи во близина на трговскиот центар Зебра, откако возачот изгубил контрола при што возилото излетало од патот и ја удрило Сузана која од силината на ударот починала на лице место.