Македонија
18. јуни 2019 - 15:33

Сопругот и ги објавил голите фотки на Фејсбук - хорор за жена од Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против 41-годишниот О.О. од Република Турција, со престој во Република Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци“.

Тој упатил закани по животот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна сопруга, 27-годишната Ќ.Ј. од Гостивар.

По ова, на социјалната мрежа „Facebook“, на кориснички профил на Ќ.Ј. пријавениот објавил нејзина фотографија и текст со компромитирачка содржина.