-->
-->
Соопштение на ФК Силекс: Петревски измисли пенал за ФК Победа
-->
СООПШТЕНИЕ ФК СИЛЕКС
Натпреварот од 29. Коло во Првата МФЛ помеѓу Победа и ФК Силекс кој заврши со минимална победа на домашниот тим од 1-0 предизвика голем револт и разочарување во нашиот клуб ФК Силекс од Кратово.
По прегледувањето на снимките од натпреварот уште повеќе сме убедени дека резултатот е „скроен“ по тенденциозното судење на главниот судија Димитар Мечкаровски и неговиот асистент Гоце Петрески но и со вмешаност на други структури и „моќници“ во ФФМ за што говорат следните факти:
1. Во првото полувреме по стартот врз нашиот играч Недељковиќ главниот судија Мечкаровски иако беше во непосредна близина немаше храброст да досуди пенал за ФК Силекс. Дека постои контакт и старт убаво се гледа од забавената снимка што ја обезбедивме и ќе ја приложиме до органите на федерацијата.
2. Во 90-тата минута Мечкаровски досуди „измислен“ пенал кој на стадионот во Прилеп го виде само неговиот помошник Гоце Петрески и по чија интервенција ФК Победа доби подарок пенал кој подоцна го реализира за триумф од 1-0. Снимката безусловно потврдува дека нема игра со рака и дека играчот на ФК Силекс Ацевски се наоѓа надвор од казнениот простор кој воопшто и не беше прописно обележан.
Со приложените снимки потврдуваме дека ФК Силекс го загуби натпреварот во Прилеп само поради „нарачаното“ судење кои го извршија Мечкаровски и Петрески.
Дека се работи за смислено сценарио говори и фактот што како првично за одигрување на натпреварот беше одреден стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола за што добивме и официјален допис од ФФМ кој го приложуваме.
За жал по нечија интервенција во 5 до 12 местото на одигрување се менува и средбата се одигра на игралиштето во Могила кое за ваков важен првенствен натпревар воопшто не е безбедно за што говори податокот дека одредени неслужбени лица по завршувањето на средбата лесно се најдоа на теренот и не беше обележано според прописите на ФФМ.
Посебно е сомнителен фактот што за вака важен меч беше делегиран Гоце Петрески, судија кој и покрај зрелата судиска возраст напредува со брзина на светлината како судија од задача што фрла посебна црна дамка врз неговата арбитража на средбата во Прилеп и посебно моментот во 90-тата минута кога само тој од сите присутни на стадионот виде игра со рака во нашиот шеснаесетник.
По сите овие случувања сметаме дека ова е перфидна режија на моќниците во мак-фудбалот со цел да се исфрли ФК Силекс од битката за Европа, место кое се обидува да го обезбеди на спортски начин и само на зелениот терен.
ФК СИЛЕКС Кратово
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места