Соопштение до јавноста oд македонската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања
Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија, ниту пак дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата.
На вчерашната средба беше постигнато техничко решение со кое одредени проблеми беа надминати при што секоја страна остана на своите ставови и позиции во контекст на проблематичните прашања во содржината на записниците.
Би сакале да испратиме повик до новинар(к)ите да известуваат одговорно и професионално за теми кои се важни за интересите на македонската држава.
Скопје 23.1.2021 г.
Ново на Сител
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица