Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” - Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце ,
на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони, стои во соопштението од АМСМ.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат