-->
-->
Сообраќајна полиција сопрела возило за контрола - возачот излегол од автомобилот и почнал да бега
-->
Драма кај клучката Миравци, скопјанец бил запрен ос полиција, но тој почнал да бега, па веднаш бил приведен. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 22.00 часот на клучката Миравци, полициски службеници запреле патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Трубарево, скопско. По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесен соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри