Сообраќаен режим ноќеска во дел од Тетово поради снимање филм
Oд 19 часот вечер до 6 часот утре во Тетово ќе има сообраќаен режим поради снимање филм. СВР Тетово информира дека сообраќајниот режим ќе биде воведен на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“.
Режимот во сообраќајот во наведениот период ќе биде регулиран и контролиран од полициски службеници.
За сообраќајниот режим соопшти и продукциската куќа што го снима филмот - „Ендер Јампимчиклик филм“ со седиште во Истанбул, заедно со сервисната продукција ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.
-Во Тетово ќе се снимаат дел од сцените на филмот со наслов „Мирис на минатото“ во режија на Серкан Озарслаан. Филмот веќе подолг период се снима во Тетово и Скопје и, по премиерата во Турција, планирано е да има премиера и во Македонија. Во филмот глумат познати актери од Турција, како и од нашата земја, се наведува во соопштението на ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.
Ново на Сител
-
Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко
-
Приведен млад кавадарчанец, крадел пари од црква и украл донација за болно дете
-
Денес е Духовденска задушница
-
Попладне можност за дожд и грмежи
-
Сиљановска Давкова: Курбан Бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата
-
Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
-
Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија