СОНК в понеделник ќе се изјасни дали го прифаќа колективниот договор за култура
Во понеделник ќе се знае дали Предлог колективниот договор за култура е прифатлив за Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска изјави дека во тек е изјаснувањето на синдикалните организации и оти во понеделник е закажан состанок во Министерството за култура.
– Во моментот се сумираат резултатите од јавната расправа. Секоја синдикална организација беше должна да го разгеда Предлог колективниот договор и евентуално да даде свои забелешки. Денеска е крајниот рок за доставуваме и собирање на резултатите. Во понеделник имаме средба со Министерството за култура и тогаш ќе го искажавеме нашиот став за тоа дали е прифатлив или не, рече Неделков, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на спогодбите за зголемување на платите во образованието и науката.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии