Сончево со мала облачност и ветер, попладне дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат повисоки за околу два до три степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова