Сончево и топло, температура до 41 степен
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде 8, соопштуваат од УХМР.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Синоптичарите најавуваат дека од денеска и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
- За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од УХМР.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава