Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Утре долж Повардарието ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови