Сончево и релативно топло време
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло за овој период од годината. Зголемено наоблачување ќе има во ноќните часови, особено во крајните западни делови каде ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и во вечерните часови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Во среда нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено повеќе услови за нестабилност ќе има во источната половина на земјава. Локално се очекува да наврнат и над 30л/м2 воден талог.
Повремени врнежи од дожд ќе има и в четврток, но од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе придонесе пад на температурата за неколку степени, а на планините врнежите постепено ќе поминуваат во снег.
Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а температурата ќе почне постепено да се покачува.
Ново на Сител
-
Вчера казнети 864 возачи - 262 за брзо возење, 201 за погрешно паркирање, 67 возеле без возачка дозвола
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница
-
Дамева и Чачарова Илиевска од Судскиот совет ги разгледуваат интерпелациите и ќе се изјаснат со свој став за нив
-
ЗНАМ за патните трошоци: Досега не сме наплаќале, ќе ги игнорираме сите предлози на Левица чија единствена цел е популизам
-
Дрогата ја чувал под седиште во мотор, уапсен 24 годишник во Карпош
-
Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование
-
Британија се стреми да застане на чело на НАТО во Европа
-
ФБИ пронајде нови документи за атентатот на Кенеди по наредбата на Трамп за нивно објавување